Италијанските медиуми јавуваат дека здравствената состојба на 58-годишниот Џанлука Вијали, некогаш голем италијански фудбалер, се влошила, па тој бил примен во болница во Лондон.
Пред пет години, на Вијали му беше дијагностициран рак на панкреасот, по што прими два круга на хемотерапија и извесно време одлично се справуваше со болеста.
Впрочем, во текот на 2020 година Вијали беше во стручниот штаб на италијанската репрезентација и со неа ја прослави титулата европски првак. Вијали за италијанската репрезентација одигра 59 натпревари и постигна вкупно 16 голови.
Кариерата ја започна во Кремонезе, клубот од градот во кој е роден, а потоа многу успешно играше за Сампдорија, Јувентус и на крајот од играчката кариера во Челзи.
Со Јувентус во 1996 година ја освои Лигата на шампионите, а покрај Јувентус беше италијански првак и со Сампдорија со која играше во финалето на Купот на шампионите против Барселона.
По играчката кариера работеше како тренер во Челзи и Ватфорд, а неодамна беше член на селекторот Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Следете не, не има насекаде