октомври 28, 2024

„Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата“, тврди Мицкоски

За да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови, тврди Мицкоски. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.

Мицковски го нападна Груевски во германски весник

Груевски, ултраконзервативниот претходник на Мицкоски на чело на партијата ВМРО, кој го симпатизираше Трамп, е обвинет и против него се водат повеќе кривични постапки за злоупотреба на службената положба, но ѝ избега на правдата во 2018 година и се засолни кај неговиот сојузник Виктор Орбан, кој му одобри политички азил.

Неодамна македонската влада во Парламентот по итна постапка ги намали казните и роковите за застарување на кривични дела за Груевски и други сторители.

‘Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата’, тврди Мицкоски. ‘Владата верува дека може да ја подели нашата партија.’ Но, тоа нема да успее, уверен е шефот на опозицијата. ‘Направивме сѐ за нашата европска перспектива. Но, нам ни се поставуваат постојано нови барања’. На тоа сега е крај, доколку не биде прифатен неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на Уставот,” дециден е Мицкоски во разговорот за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK