октомври 28, 2024

Доколку немате идеја што да подготвите, тогаш вистинско време е да ги пробате овие солени крофни.
Иако е малку потешко да ги замислиме крофните солени поради тоа што сме навикнати да ги јадеме во блага варијанта, тие можат да бидат совршен појадок или вечера.

Состојки:

1 килограм брашно;3 јајца;450 грама фета сирење;200 милилитри масло за јадење;180 милилитри јогурт;100 милилитри млеко;100 милилитри вода;1 ќесичка прашок за печиво;1 лажичка сол;1 лажичка шеќер;1 лажичка сув квасец.

Подготовка:
Во една чинија прво измешајте ги течните состојки, јајцата, јогуртот, маслото за јадење, млекото и водата, а потоа додадете шеќер, сол, прашок за печиво и сирење.
Потоа додадете го брашното и замесете тесто. Оставете го тестото да нарасне, а потоа на работна површина ставете малку брашно и од тестото направете кругови.
Со чаша вадете кругови, ставете го сирењето во нив, а потоа пржете ги крофните од двете страни додека не заруменат.
На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK