октомври 28, 2024

Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ се спаси од обвинение во истрагата „Феникс“ благодарение на ублажените казни со измените на Кривичниот законик.
Тој беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, за дела сторени во 2013 година, но со законските измени, наместо во 2043 година, застарување се случува годинава. Истрагата за проектот „Скопје 2014“ почна во јуни, кога и Тодоровиќ доби мерка за претпазливост, куќен притвор. Но таа мерка, како што потврдуваат извори од Обвинителството за А1он, минатиот петок била укината.

А мерката е укината затоа што застарувањето на делото годинава не дава простор да заврши судењето и да се докаже дали Тодоровиќ го сторил делото кое му се става на товар или не, бидејќи ваквиот тип на судења речиси без исклучок траат со години. Сепак, останува меѓу осомничените се додека фактички не настапи застарување на делото.

Во „Феникс“, освен Тодоровиќ, осомничени се уште 14 други лица, меѓу кои експремиерот Никола Груевски, како и поранешните министри за финансии и култура, Зоран Ставрески и Елизабета Канческа-Милевска, но и италијански граѓанин. Истрагата опфаќа седум правни лица, од кои три се правни лица од Италија.

The post Тодоровиќ се спасува од предметот за „Скопје 2014“ благодарение на измените во Кривичниот законик appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK