октомври 28, 2024

Македонска музичка група којашто изведува етно-музика Љубојна во петок ќе одржат концерт во Прилеп.

Концертот е најавен во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“ со почеток во 20 часот.

„Ве каниме со распејани срца на мекамска концертна сеанса. Набавете си билети на време и дојдете ни сите, онака дуздусани и во полно расположение, на љубов и музика“, напиша Вера Љубојна.

Инаку Љубојна ова лето беа гости на неколку културни манифестации во регионот. Во јули беа гости во Херцег Нови на свеченото отворање на меѓународниот саем „Трг од књиге 2023“, како и на Интернационалниот „Нишвил“ џез фестивал, а изминатава недела беа гости на културна манифестација на хрватскиот остров Вис.

The post Дуздисани на музика и љубов во Прилеп со Љубојна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK