октомври 28, 2024

По упатство од Министерството за образование и наука, а со целосна поддршка од Локалната самоуправа на Виница, во ОУ „Славчо Стојменски“ е донесена одлука за целосна забрана учениците да користат мобилни телефони за време на наставата, пишува локалниот портал Канал8.

Употребата на мобилните ќе биде ограничена и за наставниците. Секој родител ќе има телефонски број од клaсниот раководител, од стручните служби и од директорот за каква било потреба од учениците.

Од училиштето соопштуваат дека секој телефон што ќе биде откриен, односно ќе се користи за време на наставата ќе биде одземен и вратен кон крајот на учебната година.

The post Забрана за користење мобилни на настава во школо во Виница appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK