октомври 28, 2024

МВР соопшти дека на 18.09.2023 во 19.30 часот на подрачјето на општина Липково, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ф.Ќ.(41) од с.Лопате, кумановско и М.С.(49) од Куманово.

При преглед во патничкото возило „пежо боксер“, кое го управувал Ф.Ќ., и во товарно возило „форд транзит“, кое го управувал М.С., двете со кумановски регистарски ознаки, биле пронајдени огревни дрва без документација. Исто така, било запрено и патничко возило „фолксваген пасат“ без регистарски ознаки, кое било натоварено со огревно дрво, но возачот го напуштил местото. Трите возила и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK