Потпишавме договор со Албанија за извоз на Bayraktar TB2, борбено беспилотно летало, објави Baykar Technologies на Твитер.
Турскиот производител на беспилотни летала Бајкар во вторник најави потпишување договор за извоз на дронови со Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Потпишавме договор со Албанија за извоз на Bayraktar TB2, борбено беспилотно летало“, објави Baykar Technologies на Твитер.
Бројот на земји во кои се извезуваат турските борбени беспилотни летала Bayraktar TB2 се зголеми на 27.
Халук Бајрактар, извршен директор на Бајкар, на Твитер објави дека Турција и Албанија имаат силни врски уште од античко време.
„Потпишавме договор за извоз со Албанија, со која со векови имаме силни историски, културни и човечки врски.
Бајрактар сподели и фотографии од церемонијата на потпишување на договорот.
Репутацијата и меѓународната побарувачка за турските беспилотни летала Bayraktar TB2 и Bayraktar Akinci се зголемија низ Европа од почетокот на руската војна против Украина во февруари оваа година.
Во април и Србија ја потврди својата намера да купи турски борбени беспилотни летала, кои се многу барани ширум светот.
Голем број земји, меѓу кои Украина, Катар и Азербејџан, веќе купија турски беспилотни летала, а минатата година Полска стана првата земја членка на Европската унија и НАТО што набави беспилотни летала од Турција.
Турскиот борбен дрон Bayraktar TB2 се смета за клучен во конфликтите од Карабах до Украина. Луѓето во неколку земји започнаа кампањи за собирање средства за да купат повеќе вакви беспилотни летала за вооружените сили на Киев за да и помогнат на Украина во борбата против Русија.
Следете не, не има насекаде