ноември 28, 2024

Франција неодамна испорача на Украина ракетни фрлачи и ракетни батерии од типот Кротал и ќе продолжи со испорака на оружје на почетокот на 2023 година, изјави вечерва францускиот претседател Емануел Макрон.

„Франција во последните денови испорача дополнително оружје, ракетни фрлачи, Кротал и воена опрема“, рече Макрон, кој престојува на францускиот носач на авиони Шарл де Гол стациониран во близина на Египет.

Макрон рече дека испораката ќе продолжи во текот на 2023 година и додаде дека во првите три месеци треба да се испрати муниција, за да се одбранат Украинците од бомбардирање.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, Франција испрати 18 топови Цезар со дострел до 40 километри, противтенковски и противвоздушни ракети, како и оклопни возила.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK