ноември 28, 2024

Преземено од Агротим.мк

Организацијата Pesticide Action Network Europe (PAN Europe) уште еднаш предупреди дека европските земјоделци не ги поддржуваат напорите употребата на пестициди во овоштарството да се сведе на минимум.

Иако европската стратегија планира да ја преполови употребата на овие хемикалии до 2030 година, последниот извештај покажува дека овошјето никогаш не било позагадено како во последните години.

Повеќе од 44.000 примероци на свежо овошје биле анализирани во земјите членки на Европската Унија од 2011 до 2020 година. Откриено е дека контаминацијата со пестициди на јаболката, крушите и сливите е речиси двојно зголемена од првата година од истражувањето.

На врвот на листата се најдоа крушите со 49% присуство на пестициди, грозјето со 44%, јаболката 34%, сливите 29% и малините 25%. При изработката на извештајот биле земени предвид и најмалите остатоци од пестициди пронајдени на овошјето.

Во документот наречен „Рај за пестициди“, особено беше посочено дека во 71% од крушите од Белгија, пестициди се пронајдени барем во траги, во 70% кај холандските и 68% кај португалските круши. Во тие десет години биле тестирани околу 17.700 примероци од јаболка. Содржината на пестициди се удвоила на крајот на овој период. Кога станува збор за јаболката, во 2020 година најзагадени биле оние од Холандија со 71%, потоа следат Грција со 54% ​​и Португалија со 50%. За сливи се испитани 4.650 примероци, а резултатите покажале зголемување на контаминацијата од 81%.

Оваа организација во својот извештај го коментираше десетгодишното истражување и заклучи дека законите на ЕУ за забрана на најштетните пестициди и контаминација на овошје, која е поголема од кога било досега, покажале целосен неуспех.

„До 2018 година Европската комисија беше загрижена за ваквата состојба на пазарот, но не гледаме дека се преземени конкретни мерки“, обвинуваат од PAN Europe и додаваат дека ЕУ се свртува кон целосна употреба на хемикалиите во производството. Истовремено, потрошувачите велат дека пред се квалитетот е под знак прашалник, но дека тоа е данок на политиката за производство на совршени плодови. Со години сме сведоци дека на пазарот се бара овошје со изедначен изглед, да речеме јаболка исклучиво со црвена боја, плодови со иста големина…

Истражувачите напоменуваат дека оваа студија е многу различна од сите претходни, бидејќи покажува како начинот на кој се користат пестицидите во овоштарството се менувал во текот на една деценија. Додека плодовите од киви пред десет години беа речиси без овие хемиски супстанции (четири проценти), сега речиси една третина (32%) се контаминирани. Исто така, половина од сите цреши земени како примероци биле контаминирани во 2019 година, во споредба со 22 проценти во 2011 година.

The post За десет години двојно зголемена употребата на пестициди во овоштарството во ЕУ appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK