ноември 28, 2024

Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во Пекинг се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти денеска Советот за безбедност.

Во соопштението се наведува дека Медведев на кинескиот лидер му пренел порака од рускиот претседател Владимир Путин . Во соопштението се нагласува дека пораката укажува на невидено ниво на дијалог и соработка меѓу двете земји и изразена увереност во натамошниот развој на меѓудржавните односи.

Медведев му честиташе на Си за неговиот реизбор за кинески лидер и посочи дека разговарале за прашањата за соработката меѓу партијата Единствена Русија и Кинеската комунистичка партија и меѓународните прашања како што е конфликтот во Украина.

– Разговорите со Си Џинпинг беа многу корисни – нагласи Медведев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK