Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одговори на прозивките на претседателот Зоран Милановиќ, нарекувајќи го „путинофил“ кој ја води Хрватска во изолација и дека работите биле многу подобри во земјата кога шефот на државата бил во Чиле.
Коментирајќи ја изјавата на Милановиќ дека на Хрватска и недостасува оружје, Пленковиќ рече:
– Работите се јасни, не можеа да бидат појасни. Хрватска дишеше нормално додека не се врати од Чиле и почна да го загадува јавниот простор, пак истиот репертоар од Удба наваму. Милановиќ е путинофил, човек кој рече дека не сака Хрватска да учествува во мисијата на ЕУ за помош на Украина, а тоа сега им е јасно дури и на овие политички џуџиња кои не беа за. Ги извадивме и нив и него. Се прави дека не е претседател на држава која е во ЕУ. Тој се однесува како Хрватска да биде неврзана, што не води во надворешнополитичка изолација.
Тој потсети дека борбените авиони „Рафали“ се набавени во мандатот на министерот за одбрана Марио Баножиќ.
Решено е прашањето за оклопните борбени возила Бредли, а се набавува и противвоздушна одбрана. Ќе купиме уште Black Hawks за да може да ги вози тие хеликоптери уште повеќе за време на некои од теренските патувања. Хрватската армија никогаш не инвестирала повеќе од нашиот мандат, тврди Пленковиќ.
Премиерот смета дека доколку се следат ставовите на Милановиќ, Хрватска немаше да влезе ниту во Шенген ниту во еврозоната, немаше, вели, да и помогне на Украина и немаше да ја осудат агресијата.
Тоа е неодговорна, несериозна и изолационистичка политика и е јасно путинофилска. Ова е политика која треба да ја доведе Хрватска во позиција во која ние ќе бидеме тие кои најмногу ќе го слушаат режимот на Путин, изјави Пленковиќ, пренесуваат загрепските медиуми.
Следете не, не има насекаде