октомври 26, 2024

Фејзи Азири, осуден на 15 години затвор во случајот „Монструм“, во интервју за Алсат изјави дека не сака амнестија, туку расчистување на случајот и правда.

„Не ме интересира законот за амнестија, не сум побарал и нема да барам амнестија, барам само правда. Не ми е гајле што се случува со тој закон и кој го предложил. Тоа е за затворениците. Мене не ме интересира амнестија“, рече Азири.

Хаки Азири и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, осомничен како монтиран случај, можат да бидат амнестирани со Законот за амнестија што го изготви Министерството за правда. Ова за ТВ21 го изјави адвокатот на двајцата осудени, Насер Рауфи, кој очекува амнестија бидејќи делото за кое се товарат е само за „помагање“ во предметниот случај, додека од друга страна двајцата осудени веќе отслужиле две третини од казната.

Инаку, по интервјуто на Никола Груевски за Инфомакс и по интервјуто на Гордана Јанкуловска за МРТВ , ова е трето интервју со осудени за злосторства во јавниот етер со кое се рехабилитираат пред јавноста, кое пак го отвора и перашањето – како Азири воопшто се нашол на слобода и дали воопшто ја издржува казната додека јавноста се згрозува од неговото амнестирање.

Дали ќе пројде законот за амнестија сепак останува нејасно поради најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека не го менува ставот и дека ќе го блокира. СДСМ, пак, останува на ставот дека ако законот опфаќа и лица осудени во чувствителни судски предмети, ќе предложат амандмани. Социјалдемократите тврдат дека целта на законот е да се намали бројот на осуденици во затворите.

Алијанса за Албанците оценува дека тоа е итна потреба и според нив, опозицијата постапува неправедно со најавите за блокада. Пред неколку дена до Собранието беше доставен Предлог-законот за амнестија. Тој предвидува целосна амнестија за лицата осудени на казна затвор до 6 месеци, а 30 отсто намалување за лицата осудени на повеќе години затвор. Законот јасно ги дефинира кривичните дела кои не се амнестираат, додека Управата за извршување санкции сè уште нема оценето кој ќе има корист од амнестијата. Во случај законот да биде донесен, целосна амнестија ќе добијат 286 лица, а делумна уште 966.

The post Осуден во „Монструм“ се појави на телевизија, сакал правда во Стразбур а не амнестија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK