ноември 29, 2024
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев во Пекинг се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг, соопшти денеска Советот за безбедност.
МЕДВЕДЕВ И СИ ЏИПИНГ на средба на партиско ниво. Разменети пораки и честитки

Во соопштението се наведува дека Медведев на кинескиот лидер му пренел порака од рускиот претседател Владимир Путин. Во соопштението се нагласува дека пораката укажува на невидено ниво на дијалог и соработка меѓу двете земји и изразена увереност во натамошниот развој на меѓудржавните односи.

Медведев му честиташе на Си за неговиот реизбор за кинески лидер и посочи дека разговарале за прашањата за соработката меѓу партијата Единствена Русија и Кинеската комунистичка партија и меѓународните прашања како што е конфликтот во Украина.

Разговорите со Си Џинпинг беа многу корисни – нагласи Медведев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK