октомври 25, 2024

Како што доаѓаат постудените денови, така се менува и нашата исхрана. Во овој период треба да обрнеме внимание што внесуваме во организмот бидејќи помалку сме физички активни, па затоа нѝ е потребна здрава храна која брзо се вари.
Една од таквите е и гранолата, која можете да ја подготвите дома за само 20 минути.

Потребни состојки:

200 гр. ‘ржани снегулки200 гр. овесни снегулки1 шака бадеми и лешници1 шака семки од сончоглед1 лажица ленено семе3 лажици мед1 лажица кокосово масло3 лажици вода200 гр. помешано суво грозје, суви кајсии и суви сливи

Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната, а тавата во која ќе ја печете гранолата обложете ја со хартија за печење.
Лешниците и бадемите исечкајте ги на покрупни парчиња и помешајте ги во садот со снегулките, семињата и сувото овошје. Добро промешајте и префрлете ги во тавата за печење.
Потоа помешајте ги „мокрите“ состојки: медот, истопеното кокосово масло и водата и прелијте ги врз сувите состојки во тавата. Промешајте и ставете да се пече.
Печете до 25 минути додека гранолата не добие златна боја. Во текот на печењето промешувајте неколку пати за да не загори.
Кога ќе ја извадите гранолата од рерна, оставете целосно да се излади, а потоа искршете ја или исечкајте ја на поситни делови и складирајте ја во тегла. Можете да ја консумирате со млеко или јогурт.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK