октомври 25, 2024

Британската актерка Џулија Ормонд го обвини поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин за сексуално вознемирување, пренесува Си-ен-ен.

Британката (58) во тужбата тврди дека продуцентот ја нападнал во 1995 година.

Тие наводно требало да одат на деловна вечера, но Харви рекол дека ќе зборува за извесен проект само доколку го покани во станот што ѝ го обезбедила филмската компанија „Мирамакс“. Џулија се согласила на тоа, а по пристигнувањето во станот, тврди таа, Харви се соблекол и ја принудил на орален секс.

Ормонд тврди дека по нападот им кажала на своите агенти Кевин Хуван и Брајан Лорд, кои наводно ѝ рекле да не кажува ништо јавно. Таа на крајот ја тужеше агенцијата „Креатив артист“, а потоа и филмските компании „Мирамакс“ и „Волт Дизни“ за небрежност. Тврди дека „Мирамакс“ ѝ го раскинал договорот набргу потоа. Вработените во агенцијата и во „Мирамакс“ и во „Дизни“ знаеле што направил Вајнстин.

Претставникот на Вајнстин во изјава за Си-ен-ен рече дека продуцентот ги негира сите наводи и е подготвен да се брани.

Озлогласениот Вајнстин, инаку коосновач на продуцентската куќа „Мирамакс“, во моментов веќе отслужува 23-годишна затворска казна изречена во Њујорк. Над осумдесет жени, вклучително и актерки, го обвинија за сексуално вознемирување. На крајот на февруари тој доби уште 16 години затвор поради силување на актерка во 2013 година.

The post Харви се соблече и ме принуди на орален секс, обвинува актерката Џулија Ормонд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK