октомври 25, 2024

Нема Охриѓанц или Стружанец кој не слушнал или не бил во кафе барот Арена с.Мислешево. Се започна пред точно 30 години, со само неколку маси, младиот сопственик на овој бар успеа да внесе свежина, па така во благодетите од неговите заложби денес ужива цело Мислешево.

Храброста и истрајноста го донесоа своето, па така денес барот Арена е место каде што свои настапи имаат некои од најеминентните имиња на локалната музичка сцена.

Од дневна кафе шема и дневни забави, па се до вечерни журки, постојано разубавувајќи го барот и ширејќи го својот асортиман на услуги, газда Симе Стојанчески покажаа дека локацијата не е пресудна за успехот, и дека со упорна работа, се е можно.

Токму наредниот викенд барот Арена го слави својот 30-ти роденден. По тој повод, Кафе Бар Арена ве кани сите на својата роденденска прослава, која ќе се оддржи во сабота, на 14 октомври во 21 часот.

The post Се започна во 1993 година: Кафе Бар Арена, го прославува својот 30-ти роденден !!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK