октомври 25, 2024

Фудбалерот Кристијано Роналдо (38) ќе мора повторно да оди на суд. Како што пишува Скај њуз, станува збор за повторно отворање на случајот кој беше разрешен минатата година, односно за обвинението за силување.

Роналдо беше обвинет од Кетрин Мајорга дека ја силувал во 2009 година во хотелска соба во Лас Вегас, а една година подоцна постигнале вонсудска спогодба. Адвокатите на Роналдо изјавија дека Португалецот и платил на девојката 375.000 долари. Во 2018 година случајот повторно дојде на суд, а новото барање за отштета беше 25 милиони долари.

Сега адвокатите на Мајорга повторно бараат од судот да го отвори случајот.

Како што тврдат, бараат судот да го прифати договорот што Мајорга го потпишала во 2010 година, што ја спречува да дава детали. По потпишувањето на договорот, таа добила исплата од Роналдо, за која подоцна нејзините адвокати утврдиле дека е прениска и дека Мајорга била трауматизирана во моментот на спогодбата.

Роналдо во 2018 година објави дека ги негира сите обвинувања за силување.

– Силувањето е одвратно злосторство, спротивно на се што сум и во што верувам – рече тогаш фудбалерот.

The post Кристијано Роналдо повторно ќе влезе во суд поради обвинението за силување девојка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK