октомври 25, 2024

Градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски добил закани дека ќе биде убиен. Овие информации ги соопшти утрово Јавното обвинителство додавајќи дека е поведена постапка за 60 годишен скопјанец.

„На 4 октомври, осомничениот со моторцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму“, велат од Јавното обвинителство.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација.

Скопјанецот кој се заканувал по животот на градоначалникот ќе се гони за сторено кривично дело – Загрозување на сигурноста.

The post Стевче Јакимовски добил закани дека ќе биде убиен-Заканувачот дошол пред неговата куќа appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK