ноември 30, 2024

Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун и заменик-директор на одделот на Централниот комитет на владејачката Работничка партија, Ким Јо Јонг рече дека оние кои се сомневаат во способностите на севернокорејските ракети наскоро ќе можат да видат што можат да направат. Објави корејската државна новинска агенција.

Ким Јо Јонг го изјави ова во написот во кој се критикува Сеул и странските експерти кои ги доведуваат во прашање перформансите на севернокорејските ракетни и сателитски технологии.
Пјонгјанг неодамна изврши бројни тестови на балистички ракети.

Според државните медиуми, сестрата на Ким Јонг Ун, исто така ги негираше изјавите на неименувани странски експерти кои се сомневаа дека сателитски системи, исто така тестирани од Северна Кореја, можат да работат нормално. Таа, исто така повтори дека Северна Кореја не се плаши од санкции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK