октомври 25, 2024

На 05.10.2023 околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот  центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода П.Р.(40) од Скопје затоа што во возило „опел вектра” со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија. Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK