октомври 25, 2024

Вчера околу 17.00 часот на железничкиот премин на регионалниот пат село Миравци-село Давидово, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода 40-годишниот П.Р. од Скопје затоа што во возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти од Сирија, извести МВР.

– Имено, претходно, на клучка Гевгелија на автопатот А1, полициски службеници дале знак за запирање, но возилото продолжило со движење и се исклучило на регионалниот пат с.Миравци-с.Давидово, каде што удрило во столб, по што застанало. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а возачот П.Р. бил фатен и лишен од слобода, соопшти МВР.

Патрик Стјуарт за најтешкиот период од животот: „По разводот станав зависник“
Фатил алигатор од 3 МЕТРИ Вистинскиот шок дошол кога ловецот ја отворил ВИЛИЦАТА: „Вакво нешто никогаш не сум видел“
Се обидел да избега од полицијата, па удрил во столб
Го сокри лицето но не и тангата: За неа велат дека е кралица на голотијата
„ГО МОЛАМ БОГ ДА НАЈДЕ СИЛА“ Радош Бајиќ емотивно за здравствената состојба на Жарко Лушевиќ – Актерот НИКОГАШ ПОИСКРЕН

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот центар за странци во Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против П.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK