октомври 25, 2024

Наддавањето го организираше аукциската куќа „Бонамс“ во Лондон, по повод 50-годишнината од првата улога на Мур во филмовите за Џејмс Бонд. На аукцијата беа вклучени часовници, вечерни костуми, чевли, свилени вратоврски, колекционерски постери – вкупно 180 понуди. Сѐ тоа го обезбеди семејството на Роџер Мур, објави аукциската куќа.

Дел од паричните средства од наддавањата ќе одат во Детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ, чиј амбасадор на добра волја Роџер Мур стана во 1991 година.

Морнарско сино кашмир-палто што глумецот го носел во првиот свој „Бонд“ филм – „Живеј и остави ги другите да умрат“ (Live and let Die) од 1973 година, има нов сопственик за 23.000 долари, а неговата јакна од „Шпионот што ме сакаше“ (The Spy Who Loved Me) (1977) – за 27.800 долари. Вечерниот костум со двојна заштитна преграда направен за филмот „Поглед за убиство“ (A View to a Kill) (1985), е продаден за 30.100 долари. По цени меѓу 500 и 17.000 долари се купени голем број колекционерски постери со автограм на Мур.

Британскиот актер ја глумеше улогата на Џејмс Бонд во седум филма меѓу 1973. и 1985 година. За многу критичари, тој е најдобриот „агент 007“.

„Роџер Мур е навистина еден од водечките глумци на својата генерација, тој е вистинска легенда“, се вели во описот на „Бонамс“.

Освен како „007“, се појави и во голем број други филмови и ТВ-серии. Подоцна се вклучи и во добротворни потфати, помагајќи му на УНИЦЕФ во собирањето средства за земјите во развој, за проекти за масовна вакцинација на децата, борба против ХИВ-СИДА, заштита на деца од воени подрачја итн. Во 2003 година, за неговите заслуги, Велика Британија го прогласи за витез.

The post Колекција од 20 „Џејмс Бонд“ часовници на Роџер Мур продадени за 93.000 долари appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK