септември 22, 2024

Ова е прва странска посета на претседателот на Украина откако неговата земја на 24 февруари ја нападна Русија.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски отпатува за Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и со американските законодавци, потврди Белата куќа. Ова е прва странска посета на претседателот на Украина откако неговата земја на 24 февруари ја нападна Русија.

„Претседателот Џо Бајден го покани украинскиот претседател Владимир Зеленски да го посети Вашингтон за да ја нагласи континуираната посветеност на Соединетите Американски Држави кон Украина“, рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Истакна дека во текот на посетата, Бајден ќе објави значаен нов пакет на безбедносната помош, „за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија“.

Неименуван функционер за американските медиуми изјави дека пакетот помош во вредност од две милијарди долари ја вклучува и ракетната батерија Патриот, а станува збор за системот за кој Русија ги предупредуваше САД да не го испраќаат на Киев.

Запрашан за проценката на ризикот во врска со посетата на Зеленски на САД, официјалниот претставник рече дека се консултирале со украинскиот лидер, кој потврдил дека безбедносните барања се „исполнети“.

Заминувањето во Вашингтон на Твитер го потврди и Зеленски, кој напиша дека во САД патува поради јакнење на отпорноста и одбранбените способности на Украина.

Зеленски потврди дека ќе разговара со американскиот претседател за соработката и дека ќе се обрати во Конгресот на САД.

По повод посетата на украинскиот претседател во Вашингтон се преземени опсежни безбедносни мерки.

Неколку американски медиуми известија вчера за неочекуваната посета на Зеленски на главниот град на САД, додека еден извор за Агенција Анадолија (АА) изјави дека посетата ќе зависи од безбедносната ситуација.

TRT Balkan

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK