Тело на бебе утрово било пронајдено во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос, а веројатно станува збор за дете на мигрантка, која со група од 45 лица со чамец стигнале на островот пред 12 дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката крајбрежна служба соопштија дека пронајденото тело на бебето било во распаѓање и посочија дека на 9 декември во планински дел на Лезбос биле откриени и уапсени 45 мигранти, меѓу кои и 24-годишна која пријавила дека нејзиното бебе паднало во море пред да стигнат на копно.
Тогаш, била спроведена потрага, меѓутоа без резултат.
Ова е втор случај бебе да загине во близина на Лезбос, откако во саботата крајбрежната служба на Грција пронашла 34 мигранти и едно починато бебе, кое веројатно загинало откако чамецот со кој се превезувале удрил во карпа.
Следете не, не има насекаде