октомври 24, 2024

Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави со цел да се овозможи во предвидениот рок да се заменат сите лични документи на кои ќе стои новото уставно име на државата Република Македонија.

„Што би бил ако не си фудбалер?“: Питер Крауч пред 15 години го насмеа светот со својот генијален одговор
Спасовски потврди дека имало тајни средби меѓу Мицкоски и Заев
Лични документи ќе може да се вадат и без закажување
НА ГРАНИЦАТА ИМА 35 БАТАЛИОНИ! Израелската армија подготвува „идни операции“ во Појасот Газа, се поблиску КОПНЕНАТА ОФАНЗИВА (ФОТО, ВИДЕО)
Над 30 македонски државјани досега го напуштија Израел, a уште 100 чекаат евакуација, дел се во небезбедни подрачја

-Досега според нашата евиденција околу еден милион граѓани имаат документи со новото име на државата, рече Спасовски.

Тој посочи дека еден од проблемите со кои што се соочуваат е тоа што дури 70 отсто од закажаните термини не се почитуваат, односно граѓаните не доаѓаат во закажаното време и потоа повторно се јавуваат на телефонскиот број да добијат нов термин.

Спасовски нагласи дека нема да има санкции за оние кои нема на време да ги заменат личните документи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK