септември 22, 2024

Истрага ќе биде покрената по денешниот втор неуспешен обид за лансирање на најновата верзија на италијанската ракета „Вега ЦЕ“ од Европскиот космодром во Француска Гвајана и загубата на два сателити на „Ербас“ за снимање, најавија европските власти.

Од компанијата „Аријанеспејс“ што беше задолжена за лансирањето, е соопштено дека се случила аномалија 2 минути и 27 секунди по полетувањето, со што завршила мисијата “Вега Це“, без да се дадат дополнителни информации. Италијанскиот министер за индустрија, Адолфо Урсо, потврди дека ќе биде формирана истражна комисија што ќе ги испитува околностите на денешниот инцидент.

„Имам целосна доверба дека лансирањето наскоро ќе се повтори“, рече тој во изјавата, без да објасни зошто изразил оптимизам за идните лансирања по денешниот инцидент. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK