октомври 24, 2024

Јоав Галант, израелскиот министер за одбрана, објави дека израелските одбранбени сили преминуваат на „целосен напад“ на Појасот Газа, пишува Times of Israel.

ПРЕМИНУВАМЕ НА ЦЕЛОСЕН НАПАД! – Израел се закани дека ќе ги елиминира сите оние што обезглавуваат, убиваат жени и преживеани од Холокаустот

Тој го изјави ова откако вчера продолжија жестоките судири со терористите на Хамас на југот на Израел, четврти ден од почетокот на нападите на палестинската екстремистичка организација.

„Ги отстранив сите ограничувања, ја вративме контролата врз таа област и преминуваме на целосен напад“, вели Јоав Галант во обраќањето до војниците долж границата со Појасот Газа.

ПАЛЕСТИНСКИОТ „БЕВЕРЛИ ХИЛС“ – Најелитната населба во Појасот Газа е претворена во пепел, палатите на Хамас се срамнети со земја
ПРЕМИНУВАМЕ НА ЦЕЛОСЕН НАПАД! – Израел се закани дека ќе ги елиминира сите оние што обезглавуваат, убиваат жени и преживеани од Холокаустот
ХАМАС ПОД ЗЕМЈАТА КРИЕ ТАЈНА КОЈА Е ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ЗА ИЗРАЕЛЦИТЕ – На длабочина од 40 метри се наоѓа „стапицата на смртта“
ВИДЕО | ВО ПОЈАСОТ ГАЗА ПОВЕЌЕ НЕМА ИСЛАМСКИ УНИВЕРЗИТЕТ – Израелците за неколку секунди образовната институција ја претворија во пепел поради соработка со Хамас
ФОТО | ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПРВ ПАТ ВО СЕДИШТЕТО НА НАТО – Претседателот на Украина пристигна на состанок со министерите за одбрана на Алијансата за да побара нова помош

„Ја видовте цената што треба да се плати и ќе ја видите промената. Хамас сакаше промена во Појасот Газа, таа ќе се промени за 180 степени во однос на тоа што мислеше“, посочи израелскиот министер за одбрана.

Јоав Галант предупреди дека Хамас ќе зажали за овој момент и дека Појасот Газа никогаш нема да се врати на она што е.

„Кој и да дојде да обезглави, да убие жени, преживеани од холокаустот, ќе го елиминираме со сите сили и без компромис“, заклучи тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK