јули 6, 2024

Министерот за надворешни работи на Шведска Тобијас Билстром утре ќе престојува во посета на Турција, соопшти шведското Министерство за надворешни работи.

За време на посетата Билстром ќе разговара со министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу. Двајцата ќе разговараат за билатералните односи, односите меѓу Турција и ЕУ, приемот на Шведска во НАТО, како и регионални и меѓународни прашања.

По руската инвазија на Украина, Шведска, како и Финска, аплицираа за членство во НАТО во мај. Но, Турција приговори на кандидатурите на двете скандинавски земји, која инсистира двете земји прво да престанат да даваат азил на лица за кои Анкара смета дека се поврзани со терористички активности.

Оваа недела, ова прашање повторно стана актуелно откако шведскиот Врховен суд ја блокираше екстрадицијата во Турција на новинарот Булент Кенес, кого турските власти го бараат под обвинение за врски со проповедникот Фетула Ѓулен од САД. Анкара тврди дека Ѓулен стои зад обидот за пуч во 2016 година. Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу го опиша одбивањето на Шведска да го екстрадира Кенеш како „многу негативно“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK