септември 22, 2024

Нова анкета на Ипсос покажа дека дури 73 отсто од населението во 33 анкетирани земји верува во нов голем конфликт, што е пораст од 10 отсто на глобално ниво, споредено со резултатите од истата анкета спроведена лани.

Дали би можела да избие нова светска војна од размерите на Првата и Втората светска војна меѓу глобалните суперсили во наредните години? Ова е прашањето кое анкетарите од Ипсос им го поставиле на испитаниците во 33 земји во светот, а на кое изненадувачки голем процент, над две третини, одговориле дека веруваат дека претстои Трета светска војна.

Гледано глобално, дури 73 отсто од населението верува во нов голем конфликт, што е пораст од 10 отсто на глобално ниво, споредено со резултатите од истата анкета спроведена лани.

По пандемијата, неконтролираната инфлација, нестабилната глобална економија и геополитичките превирања, не е изненадување што луѓето имаат заладен поглед за иднината.

Две третини бараат поголеми воени трошоци

Друга можност е зголемување на воените расходи насекаде во светот. Дури 64 отсто од луѓето во 30 земји донекаде или силно се согласуваат дека нивната матична влада треба да ги зголеми воените трошоци „со оглед на опасностите во светот“.

Покрај Украина, Индија (84%) и Полска (81%) се највисоко рангирани во поддршката за зголемување на воените трошоци.

Во сите 33 земји каде се спроведоа анкетите, мнозинството од испитаниците рекоа дека веруваат дека светска војна од размерите на Првата и Втората светска војна би можела да избие меѓу глобалните суперсили во наредните години.

Најголем песимизам во Австралија

Најголем песимизам има во Австралија каде 81 отсто од испитаниците веруваат дека на повидок е нова глобална војна. Ова е голем скок од 8 отсто во споредба со спроведеното истражување во 2021 година. Ирска, Мексико и Перу следат на листата со 80 отсто од анкетираното население кое верува во нова војна. Следи Индија со 79 отсто па Чиле, Колумбија, Малезија и Тајланд со 78 отсто од испитаниците кои одговориле потврдно на прашањето.

Страв и кај европските земји

Во листата од топ 10 најпесимистички држави на оваа анкета се најде и Белгија со 77 отсто од испитаниците кои веруваат во нова светска војна

Во Белгија има скок од неверојатни 18 отсто, споредено со истата анкета спроведена лани. Веднаш зад Белгија со ист процент на испитаници кои веруваат во нов конфликт е уште една земја од Европската Унија-Романија. Високо на листата котираат и Канада (76%), САД (76%), Франција (75%), Велика Британија (75%) и Холандија (75%).

Јапонија, една од земјите кои беа во центарот на Втората светска војна, е на дното на листата со 51 отсто од населението кое верува во нова војна. Сепак, изненадува порастот од 16 отсто, споредено со истата анкета лани.

Едно друго значајно откритие на оваа анкета е дека 85 отсто од луѓето во анкетираните земји веруваат дека на светот му се потребни нови меѓународни договори и институции за да се справат со предизвиците со кои се соочува светот денес, и дека светските сили веројатно нема да ги почитуваат договорите направени преку меѓународните тела. Овие наоди се значајни бидејќи војните како епилог стануваат поверојатни како што се прекинува соработката меѓу земјите.

TRT Balkan

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK