октомври 23, 2024

Пријателот на холивудскиот актер Брус Вилис, Глен Гордон Карон, зборуваше за тешката состојба на актерот откако се повлече од актерството. Вилис се повлече од Холивуд поради мозочно нарушување наречено афазија, а подоцна беше откриено дека боледува од деменција.

Откако го посетил, Глен во интервју за „Пејџ сикс“, зборуваше за деталите кои ги растажија многумина.

„Моето чувство е дека знае кој сум јас само во првите три минути од разговорот. Тој повеќе не зборува, порано беше страствен читател, но сега се откажа од тоа“, рекол тој и додал: „Сите тие јазични вештини повеќе не му се достапни. Кога сте со него знаете дека е Брус и сте благодарни што е таму, но повеќе нема радост на живеење во него“.

Да потсетиме, на актерот во март минатата година му беше дијагностицирана афазија, нарушување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, а во февруари оваа година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД).

The post Брус Вилис не може да се сети на најблиските, пријател откри за влошената здравствена состојба на глумецот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK