октомври 23, 2024

Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, но освен него во мисијата за спасување на македонските државјани голема улога има Хани Садикарио Тзадок, која е по потекло од Македонија, а која веќе 12 години живее и работи во Ерусалим и работи за Македонската амбасада во оваа држава.

Дипломатот Мачеј и Македонката Хана се хероите што помогнаа во излекување на македонските државјани од Израел

Качоровски кој е вршител на работите во Амбасадата во Тел Авив на својот фејсбук профил изрази огромна благодарност до Хана за напорите кои таа ги вложила во спасувачката мисија на граѓаните кои се најдоа во Израел по започнување на воениот конфликт.

Абас: Депортацијата на Палестинците од Газа ќе биде втора Накба
Дипломатот Мачеј и Македонката Хана се хероите што помогнаа во излекување на македонските државјани од Израел
Српската водителка БЕЗ ОБЛЕКА во спотот на колегата на нејзиниот маж? Нема што да му пречи на маж ми!
ПО ЛУВР ЕВАКУИРАН И ВЕРСАЈ! ТЕНЗИЈАТА ВО ФРАНЦИЈА НЕ СТИВНУВА: Нова дојава за бомба и таму
ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Голем воздушен напад на Појасот Газа! Нетанјаху со борци на терен – копнена операција е подготвена! (ФОТО/ВИДЕО)
Поранешниот советник на Зеленски најавува мрачни денови за Украина: Нѐ очекуваат солзи, крв и пот – Киев ја води земјата до катастрофа!
САД: Северна Кореја испорача повеќе од 1.000 контејнери со воена опрема на Русија
Црвенковски: Земјите од Западен Балкан да побараат од ЕУ постепена интеграција и пред полноправното членство
У19: Македонската репрезентација поразена од фаворитот Германија

„Само да напоменам дека се што успеавме досега да направиме не би било можно без нашата колешка од Амбасадата во Тел Авив, Хана Садикарио Тзадок, која повеќе од 12 години работи за нашата држава и која од самиот почеток во сите изминати денови беше 24/7 вклучена во операцијата на излекување на нашите државјани од Израел, што за разлика од мене мораше да води сметка и за нејзините малолетни деца“, напиша Качоровски на фејсбук нагласувајќи го нејзиниот придонес и енергија и упатувајќи огромна благодарност до Садикарио Тзадок.

Мачеј Качоровски, нашиот дипломат и вршител на работи во Амбасадата во Тел Авив е херојот на евакуацијата на нашите државјани од Израел, напиша претходно министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук.

Според него, Качоровски одиграл клучна улога во извлекувањето на нашите државјани преку различни транспортни рути, неуморно координирајќи го целокупниот процес од почетокот па сѐ до нивното безбедно враќање во Македонија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK