октомври 23, 2024

Александра Пријовиќ закажа пет концерти во загрепската Арена, што предизвика голема врева во хрватските медиуми.

Додека некои негодуваат што пејачката, која успеа во Србија, а порасна во Хрватска, исполни пет арени во Загреб, други едвај чекаат да оди на концертот на Прија.

Хрватски водител за успехот на Пријовиќ: „Хрватите уште еднаш покажаа дека се поголеми Срби од Србите“

Успехот на Александра го прокоментира и познатиот хрватски водител Зоран Шпрајц, кој смета дека „ни Оливер Драгојевиќ не би пополнил толку арени, ако сега станеше од гробот“.

ЕВРЕЈСКИОТ ХОРОСКОП ЗА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОКТОМВРИ ПРЕДУПРЕДУВА НА ПРЕСВРТУВАЊА: Размислете добро и искористете ги ШАНСИТЕ
Хезболах го нападна Израел и освои клучна точка!
Тасевски до Османи: Да сме држава, ќе точиш боза
Дерматолозите тврдат: Овие намирници го забрзуваат растот на косата, но мора да бидете внимателни
Хрватски водител за успехот на Пријовиќ: „Хрватите уште еднаш покажаа дека се поголеми Срби од Србите“
Почнува грејната сезона во Скопје, цената засега останува иста
СКОКНАЛ ВО ЕЗЕРОТО И ЈА ИЗВЛЕКОЛ! Полицаец спасил 68-годишна жена во близина на Крушево
Израел ПОГОДЕН од север, светот се плаши од најлошото! Хезболах на готовност, доколку Иран нареди…
Доаѓа студеното време и сезона на настинки, а овој напиток е одличен за зајакнување на имунитетот

“Дино Мерлин досега го држеше рекордот со 4 концерти по ред во Арена, а овде оваа српска Прија го надмина тој босански магионичар. И не само тоа, во Загреб се надмина и себеси од Белград. Бидејќи во Белград распродаде три Арените, а во Загреб ги има пет, што пак докажува дека Хрватите се поголеми Срби од Србите. Дури и Оливер Драгојевиќ да стане од гроб како Исус и да најави концерт во Арена, нема да може да распродаде пет Арени Дури и самиот Исус да воскресне, прашањето е дали ќе воскресне.

„Раководството на Арена Загреб веќе размислува Александра Пријовиќ да биде дел од постојаниот состав на Арената. Таа постојано да настапува, секој ден да има концерт, па да видиме до каде ќе стигне“, додаде тој.

Да потсетиме, на актуелната турнеја Александра Пријовиќ распродаде три арени во Белград, пет во Загреб, а неодамна закажа и трета „Зетра“ во Сараево.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK