октомври 23, 2024

Грејната сезона во Скопје започнува денеска и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.  

Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона во Скопје започнува на 15  октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури. 

ЕВРЕЈСКИОТ ХОРОСКОП ЗА ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОКТОМВРИ ПРЕДУПРЕДУВА НА ПРЕСВРТУВАЊА: Размислете добро и искористете ги ШАНСИТЕ
Хезболах го нападна Израел и освои клучна точка!
Тасевски до Османи: Да сме држава, ќе точиш боза
Дерматолозите тврдат: Овие намирници го забрзуваат растот на косата, но мора да бидете внимателни
Хрватски водител за успехот на Пријовиќ: „Хрватите уште еднаш покажаа дека се поголеми Срби од Србите“
Почнува грејната сезона во Скопје, цената засега останува иста
СКОКНАЛ ВО ЕЗЕРОТО И ЈА ИЗВЛЕКОЛ! Полицаец спасил 68-годишна жена во близина на Крушево
Израел ПОГОДЕН од север, светот се плаши од најлошото! Хезболах на готовност, доколку Иран нареди…
Доаѓа студеното време и сезона на настинки, а овој напиток е одличен за зајакнување на имунитетот
Што ги прави посебни децата родени во октомври?

-Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидрометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Нагласи дека испораката на топлинска енергија ќе се одвива согласно мрежните правила за дистрибуција на топлинската енергија. 

РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK