октомври 23, 2024

Поранешниот шеф на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Дејвид Петреус смета дека Израел ќе се соочи со огромни тешкотии за време на планираната копнена операција во Појасот Газа.

СЕ ПОДГОТВУВАА СО МЕСЕЦИ, ЌЕ ИМА ПЕКОЛ ВО ГАЗА: Поранешниот шеф на ЦИА ги предупреди Израелците – Еве што ги чека во опколениот град

Тој изјави за Сандеј тајмс дека израелските команданти се соочуваат со „исклучително тешка задача“ да водат војна во урбана средина, имајќи предвид дека „Хамас имаше месеци да се подготви за тоа“.

Вирусите демнат: Три вида чај можат да помогнат во зајакнувањето на вашиот имунитет
Груевски сѐ уште е кошмар во СДСМ: Ќе го апселе ако се врати во Македонија
Новинарката случајно ја нарече Меган Маркл со вистинското име: „Никој никогаш не ме нарекол така“ 
Чудо со икона на Господ Исус Христос во целосно опожарена викендица во Македонија
СЕ ПОДГОТВУВАА СО МЕСЕЦИ, ЌЕ ИМА ПЕКОЛ ВО ГАЗА: Поранешниот шеф на ЦИА ги предупреди Израелците – Еве што ги чека во опколениот град
Дневен хороскоп за 15 октомври 2023 година
Од утре температурите паѓаат за повеќе од десет степени!
Првиот сосед на Тошe Проески откри што му кажал пејачот неколку часа пред несреќата во која го загуби животот
Тешко на Израел ако Хазболах влезе во војна! Шиитските воини имаат далеку помоќно оружје од Хамас, северот на еврејската држава е во опасност! (фото/видео)

Во една од најгусто населените области во светот, со широк систем на тунели, Израелците ќе мора да го користат своето оружје „во најтешката средина што може да се замисли“.

Дури и ако Израел успее во тежок напад врз Газа со многу високи цивилни жртви, неговите акции нужно мора да бидат вкотвени во повоената стратегија за запирање на прегрупирањето на непријателот. Во спротивно, ризикува да ги повтори грешките што ги направија САД и нивните сојузници во Ирак – рече Петреус.

– Најголемата лекција од она што се случи во Ирак е дека треба добро да размислите што ќе правите кога ќе ја преземете контролата врз одредена област – изјави поранешниот шеф на ЦИА.

Како што претходно објави „Њујорк тајмс“, израелската копнена операција во Појасот Газа требаше да започне овој викенд, но беше одложена „неколку дена“ поради облачното време што ќе ја отежне способноста на израелските пилоти и операторите на беспилотни летала да ги поддржат копнените сили.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK