октомври 23, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

На 14 октомври, осомничениот тешко телесно ја повредил и го нарушил здравјето на неговата бремена сопруга, доведувајќи го во опасност нејзиниот и животот на плодот.

Кинески хороскоп: Што крие вашиот знак?
ЈА ЗАПОЗНАВ ДЕВОЈКАТА НА СИНОТ, А КОГА ТАА ГО РЕЧЕ ОВА, ЌЕ ПОВРАТЕВ: ВЕДНАШ ЈА ИЗБРКАВ ОД КУЌАТА! Не се чувствував добро
МАСАКAР ВО ЖИВО – МИСЛЕЛЕ ДЕКА СЕ СОКРИЛЕ, А ПОТОА ДОЈДЕЛ ХАМАС! За прв пат се откриени сите детали за фестивалот!
Скопје: Jа претепал бремената сопруга која од повредите го загубила бебето!
Силно невреме ја зафати Хрватска: поројни дождови на улиците, паѓаше и град
По 10 години уапсен осомничениот за силување девојка (7) на Дунав: Ова го разоткрило
ИРАНЦИТЕ ОТКРИВААТ ШТО ЌЕ НАПРАВААТ АКО ИЗРАЕЛ ВЛЕЗЕ во ГАЗА: Ако се случи ова, ЌЕ ГО НАПАДНАТ – еве што велат за Палестинците
Слушај ме кога ти зборувам! Хит видео од тренингот на Денвер! Јокиќ во улога на тренер – црташе на табла, и им викаше на играчите! (ВИДЕО)
Груевски сѐ уште е кошмар во СДСМ: Ќе го апселе ако се врати во Македонија

Додека заедно со оштетената и нивното 2-годишно дете се движеле со автомобил, осомничениот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал сопругата која седела на совозачко седиште.

Оштетената излегла од автомобилот и се обидела да побара помош, но осомничениот тргнал по неа и продолжил да ја влече и удира. На тој начин и нанел тешки телесни повреди, загрозувајќи го и плодот. При дополнителен преглед било констатирано дека плодот починал.

Јавниот обвинител нареди судско-медицинско вештачење и доколку со наодот се потврди дека причина за смртта на плодот бил физичкиот напад, ќе се изврши соодветна квалификација на делото.

До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и оштетената и да го повтори делото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK