Толку многу луѓе забележале дека изгледа како најпознатиот бразилски фудбалер што решил да ја заработи оваа сличност. Но, кој е, поточно, лажниот Нејмар и што мисли вистинскиот за неговиот двојник?
Нејмар Јуниор, членот на бразилската фудбалска репрезентација, привлекува големо внимание на Светското првенство во Катар.
Навикнати сме Нејмар да е во центарот на вниманието и за време и надвор од натпреварите, но овој пат има многу интересна конкуренција.
Имено, во Катар моментално се наоѓа неговиот двојник кој секојдневно го смее интернетот. Поради својата неверојатна сличност со Нејмар, овој мистериозен човек се облекува како него и лесно ги залажува сите што ќе го сретнат, па така веројатно направил илјадници селфи со обожавателите на Нејмар, потпишал многу автограми, па дури и добил прием од шеик.
Како што забележаа корисниците на Твитер, двојникот на Нејмар го поминува времето во Катар како никогаш досега, а малку е познато дека за него ова е многу повеќе од шега – тој буквално живее од својата сличност со Бразилецот.
Кој е двојникот на Нејмар?
Младиот човек за кој сите зборуваат овие денови, всушност се вика Еигон Оливеира и тој исто така е од Бразил. Сè започнало пред неколку години кога работел како келнер во бразилски ресторан, каде што луѓето често го запирале за да му кажат дека мислат дека е Нејмар.
Набрзо се прошири веста за овј човек , а го контактирала агенција, која го ангажирала за бројни реклами.
На некои од тие снимки имал можност да го запознае „оригиналот“ – вистинскиот Нејмар, а Еигон вели дека на фудбалерот не му пречи што го имитира.
– Ова никогаш не можев да го замислам – изјави неодамна Оливеира на Инстаграм. – Благословен сум што стигнав до тука со оваа работа. Благодарен сум затоа што сум обожавател на ова момче, кое сè што правам го дочекува со раширени раце. Тој ми го промени животот на неверојатен начин, ми даде милиони можности и ми дозволи да одам на места кои никогаш не мислев дека ќе ги видам, да запознавам луѓе кои не ни сонував дека ќе ги сретнам.
Следете не, не има насекаде