октомври 23, 2024

Нема никаков недостиг од возачи во Јавното сообраќајно претпријатие, напротив, сега има нови 36 лица што се приклучиле на последниот јавен оглас. Значи има интерес за лица кои сакаат да работат и да живеат во Македонија, а не надвор од нашата држава.

Тој што го пласира тоа за да сее страв и да изврши некаков притисок во јавноста преку медиумите и да влијае на самиот углед на претпријатието, ќе си добие соодветна пријава.

Бензините и дизелот со нови цени од полноќ
Доаѓа нов тест за рано откривање на рак на дебелото црево
ДРЖАВНИ ПРИВИЛЕГИИ: Во ресторанот во Владата, чорба за 60 денари, свинска вешалица за 130
Путин ги претстави условите за мировни преговори со Украина
Арсовска: ЌЕ ИМА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ТИЕ ШТО СЕАТ СТРАВ ЗА ЈСП – Ова ги помина сите граници
ВИЛ СМИТ КОНЕЧНО СЕ ОГЛАСИ ОКОЛУ ДРАМАТА ЗА НЕГОВИОТ БРАК | ЕМОТИВНО СЛЕП СУМ БИЛ
ШПАНСКИ ФУДБАЛЕР МЕТА НА ПОТСМЕВ ШИРУМ СВЕТОТ – Погледнете што направи на натпреварот против Норвешка
100.000 евра за една вечер НАЈУБАВАТА ФУДБАЛЕРКА ВО СВЕТОТ ДОБИЛА НЕМОРАЛНА ПОНУДА ОД СВЕТСКА ЅВЕЗДА
КАКО ПИЕТЕ ВОДА: ОВОЈ МЕТОД се тврди дека СПРЕЧУВА многу болести

Ова го изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во одговор на новинарско прашање во врска со бројот на возачите во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Таа прецизираше дека пријавите нема да бидат за клевети, туку за кривично дело, „затоа што ова веќе ги надминува сите граници на нашето нормално живеење и комуницирање со јавноста“.

На прес-конференцијата при потпишувањето на Меморандум за соработка со НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, Арсовска повтори дека немаат примено никакви дотации од Владата и покрај тоа што претходно се примале милиони евра и дека ЈСП продолжило да функционира и за време на криза со 400 до 500 проценти поскапени енергенси без, како што посочи, да се добие ниту еден денар дотација.

-Не може некој да сее страв и паника меѓу граѓаните, а тие секојдневно да се прашуваат дали ќе стигнат на своето работно место или не, затоа што некој си дозволува неказнето да пласира невистини во јавноста и во медиумите – изјави Арсовска и замоли прашањата за ЈСП да се испратат директно до претпријатието, за да се добијат информации од прва рака.

За ситуацијата со приватните превозници и тврдењата дека немаат примено приходи од август, таа вели дека тоа се невистини, политички манипулации и лаги.

-Некој се обидува свесно да наштети, знам дека сум таргет на сите најголеми политички чинители во државата, јасно ми е дека коалицијата СДСМ-ДПМНЕ функционира перфектно. Секој ден се што имаат да пласираат, напаѓаат само еден човек. Јас тоа го гледам секојдневно, потенцираше Арсовска.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK