октомври 23, 2024

Пред точно 16 години пејачот Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска.

Тоа кобно утро тој тргна за Загреб каде требало да снима англиска верзија на една од неговите песни, а во несреќата која се случи тешко повредени беа и возачот на „Туарегот“, Ѓорги Ѓоргиевски како и менаџерката на пејачот, Лилјана Петровиќ.
Инаку, иако семејството се откажа од кривично гонење на човекот кој го возел автомобилот, судот по службена должност покренал спор во скопскиот суд, обвинувајќи го возачот за дело против безбедноста во сообраќајот со смртни последици. Исто така и менаџерката на Тоше се откажа од тужба и материјална оштета.

Ѓоргиевски во 2009 година по две години по трагедијата во Основниот суд во Скопје е осуден на две години затвор, иако тој до крајот на судењето тврдеше дека е невин плачејќи и држејќи негова фотографија во судницата денот кога му е изречена казната.
-Не се чувствувам виновен. Не е точно дека сум спиел зад воланот пред несреќата. Жал ми е, изгубив брат и без пресуда веќе сум казнет. Ќе патам додека сум жив поради изгубениот пријател, велеше низ солзи тогаш Ѓоргиевски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK