декември 28, 2024

„И повторно сам“, „Пред да заспијам“, „Вози ме“, „Манастириски сон“, се само дел од многуте хитови на еден од најпопуларните рапери кои се појавиле на македонската музичка сцена некогаш, Раде Врчаковски – Врчак.

Не е возможно да го препознаете: Контроверзно видео на раперот Врчак ги шокираше фановите!

Оние што се сеќаваат, знаат дека Врчак уживаше во огромна популаларност и буквално живееше како светските славни личности. Беше миленик на женската популација, секогаш возеше брзи и скапи автомобили и честопати неговото име се провлекуваше низ таблоидите и весниците.

Но, по се изгледа раперот се засити од ваквиот начин на живот и поради тоа реши да се тргне што е можно подалеку од очите на јавноста. Она што се знае за него, е тоа дека тој и понатаму компонира музика за себе, но и за  странски изведувачи. Врчак за кратко време најавува нешто ново и нешто големо за неговото враќање на сцената.

Денеска тој на својот Фејсбук профил објави видео од себе на кое никој не остана рамнодушен, особено генерацијата која порасна со неговиот стил и песни… Во глобала фановите се згрозени од гестикулациите и стилот кој го прикажува на видеото.

Како и да е раперот има многу искуство и знае да плива во овие води, веројатно е дека многу добро знае што прави и што сака да предизвика кај публиката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK