Црвениот крст денеска во Градски парк во Скопје ќе реализира симулациска вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес. Вежбата за управување со последици е насловена „Хуманитарен одговор 2023”, а се организира под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, како резултат на одбележување на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, како и зачестените катастрофи во земјата и регионот.
Главната цел на вежбата е да се претстават капацитетите, можностите и подготвеноста на Црвениот крст во координираниот пристап за одговор при кризни состојби.
На вежбата се очекува учество на повеќе од 500 лица, два хеликоптера и 40 возила. Ќе учествуваат институции вклучени во Системот за управување со кризи и домашни и странски тимови од Црвениот крст.
Поради изведувањето на вежбата, улиците кон и во Градски парк ќе бидат затворени од 9:00 до 14:00 часот, како и паркингот пред хотелот „City Park“.
Следете не, не има насекаде