октомври 23, 2024

Кардиналот Пјербатиста Пицабала, пратеник на папата Франциско во Светата земја, кажа дека е подготвен да му се предаде на Хамас во замена за киднапираните израелски деца кои ги држат како заложници палестинската екстремистичка организација во Појасот Газа.

УБИЕНО ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: ХАМАС БРУТАЛНО ГИ УБИ БРАЌАТА НА КОШАРКАРИТЕ НА ХАПОЕЛ! НИВНИОТ ТАТКО, МАЈКА И СЕСТРА ЗАГИНАА ВО КУЌАТА СО НИВ
ХАМАС ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДИ – ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ВОДАЧИ НА ГРУПАТА Е УБИЕН ВО ВОЗДУШЕН НАПАД НА ПОЈАСОТ ГАЗА
ЗЕМЕТЕ МЕ МЕНЕ, ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ДЕЦАТА! – Пратеникот на Папата во Ерусалим испрати порака до Хамас
Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот на Македонија
Контраофанзивата на Украина е завршена? Започнува ли нова офанзива од другата страна?
Меџити: Во мојот мандат нема да има поштедени и заштитени, не ми интересира кои се и од која партија
АМЕРИКАНСКИТЕ АБРАМСИ ПРИСТИГНАА ВО УКРАИНА: Киев треба да одлучи кога и каде да ги користи
Американец 16 години бил невин во затвор, а вчера бил убиен од полицаец
Блаже Конески за нас секогаш бил и ќе биде македонски великан!

Медиумската агенција Reuters пренесува дека Пјербатиста Пицабала, кој ја носи титулата латински патријарх на Ерусалим, го изјавил ова за време на видео конференција со новинари во Италија.

„Подготвен сум за размена, ако може да доведе до ослободување, децата да се вратат дома. Нема проблем. Од моја страна има целосна волја“, рекол кардиналот.

Тој порачал дека тој и неговиот кабинет се уште немаат директен контакт со Хамас.

„Не можете да разговарате со Хамас. Многу е тешко“, рекол папскиот пратеник.

Израелската Армија денеска соопшти дека Хамас заробил 199 лица за време на нападот во јужен Израел на 7. октомври.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK