Пејачката Бритни Спирс (41) ја шокираше јавноста во 2007 година кога ја избричи главата. Влегла во фризерски салон и барала да ја избричat главата. Fризерката одбила, па пејачката земала жилет и сама го направила тоа, додека папараците го снимале секој потег. После 16 години пејачката конечно откри зошто го направила тоа.
„Толку многу ме гледаа додека растев, од глава до пети. Луѓето ми кажуваа што мислат за моето тело уште од тинејџерските години. Бричењето на главата и глумата беа моите начини да се оттргнам од тоа“, пишува поп ѕвездата во нејзините претстојни мемоари „Жената во мене“, чиј дел ексклузивно објави „Пипл“.
Бритни се присетува на 2008 година кога нејзиниот татко Џејми Спирс ја презеде контролата врз нејзиниот личен и здравствен живот и финансиските работи. Оттогаш пејачката нема никакво влијание врз сопственото секојдневие.
„Бев принудена да мислам дека тие денови завршија. Морав да ја пуштам косата да ми порасне, да се вратам во форма. Одев рано да легнам и ги земав сите лекови што ми беа препишани”, споделила Бритни.
The post Бритни Спирс по 16 години во мемоарите открива зошто ја избричила главата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде