октомври 23, 2024

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го осуди синоќешниот напад врз училиште и болница во појасот Газа. Тој посочи дека ваквото гранатирање со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

-Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат, објави Османи на социјалните мрежи.

Министерството за здравство на палестинското движење Хамас, кое владее во Газа, соопшти дека „во израелскиот напад“ на периметарот на болницата во градот Газа, загинале околу 500 луѓе и дека уште многу се под урнатините.

Израелската армија во вторникот вечерта соопшти дека не е одговорна за експлозијата во болницата, туку дека болницата била погодена од палестинска ракета испукана по грешка и вината ја препишале на организацијата Исламски џихад.

По овој напад, либанскиот Хезболах повика на „ден на гневот“. Исто така, протести се одржаа во повеќе земји.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK