декември 25, 2024

Владата на РСМ на вчерашната седница му даде рок од три месеци на Министерството за земјоделство да укаже на можни локации каде би можеле да се лоцираат мечките, за што во изминатиот период алармираат жителите на Маврова.

Состојбата со кафеавата мечка која е под заштита од лов по втор пат е на дневен ред на владината седница. Претходно, на 3 октомври Владата ги разгледа и ги одобри предлозите на надлежните министерства за решавање на проблемите со мечките, пренесува Телеграф Македонија.

Шведското знаме е спуштено на половина копје во седиштето на ФИФА во чест на жртвите од пукањето во Белгија
Меси станa најдобар стрелец во историјата на квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка
Анкетната комисија за случајот Онкологија почна со сослушување на поранешните и актуелните директори на ФЗО
“РЕЖИМОТ“ НА АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ПРЕД КОЛАПС !? ЕУ се откажува, Косово му прави голем проблем, а тој сега го направи единствениот можен потег за ‘спас’ на Србија
Фон дер Лајен ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецот
Борел: Палестинците се жртви на Хамас
Ковачевски не го коментира застарувањето на случајот „Таргет-тврдина“
Петровска – Форд: Северна Македонија е кредибилен сојузник кој инвестира во националната и колективната одбрана
Акција за засадување дрвја на над 100 локации во Скопје

„Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и одобри Информацијата за состојбата на кафеавата мечка која е под заштита и е забранета за лов. Владата ги задолжи надлежните институции да преземат конкретни мерки во однос на одобрените информации“, се наведува во соопштението по вчерашната седница на Владата.

Обврските што министерството мора да ги спроведе имаат рокови кои предвидуваат изработка на акционен план за кафеавите мечки, формирање интервентен тим и листа на можни локации за нивно преместување.

Владата соопшти дека директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангеллов е ангажиран да ги координира активностите на институциите.

Општина Маврова и Ростуша на крајот на септември побараа од Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на општината поради зголеменото присуство на кафеавата мечка на овие простори и опасноста што таа претставува по животот на жители.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK