април 28, 2024

Реакција на Левица – ЛО Аеродром
Не прекинуваат скандалите во ООУ ,,Лазо Ангеловски”. Откако општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски го сменија претходниот директор по низа скандали и на негово место ја донесоа новата директорка Магдалена ПЕТРЕСКА, повторно стигнуваат информации за уште еден скандал.

До Левица пристигнаа поплаки дека директорката Магдалена Петреска ги понижува и омаловажува вработените во ООУ „Лазо Ангеловски“. Имено, оваа директорка го паркира својот автомобил пред училиштето и им наредува на вработените-хигиеничарки во школото за време на своите работни задачи и за време на своето работно време да земат кофи вода и четки и да го измијат нејзиниот приватен автомобил.

Според Закон за заштита од вознемирување на работно место:

„Забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место.“ Вработените хигиеничарки немаат во своите работни задачи да го чистат и „полираат“ авомобилот на директорката!
Бараме од градоначалникот Муцунски целосно да го испита случајот и да спроведе соодветна постапка за да ги заштити вработените во училиштето!
Левица

The post Директорка на скопско училиште ги тера вработените да го измијат нејзиниот приватен автомоби appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK