октомври 23, 2024

Емотивно и отворено како никогаш досега, Лепа Брена во ексклузивната исповест говори за животот во Југославија, бизнисот со Боба во Скопје, надминувањето на животните премежја низ кои поминувала со својата фамилија како и за актуелните проекти како брендот „Lady B“ и „Lepa Brena Project“, преставата која ја врати регионалната публика на театарската сцена.

Таа во дел од интервјуто вели како во 1996-та година се преселила во Македонија каде нејзиниот сопруг Боба отворил генерално застапништво за Мерцедес кој се викал „Стар Македонија“.
-Ние живеевме на Водно, некои две години поминав во Македонија, Скопје и просто прифаќате некои животни околности, вели Брена.

Во интервјуто Брена се присети и на нејзината кукла – барбика која ја поврза со актуелниот истоимен филм „Barbie“ кој го освојува светот. Откри како таа се сеќава на барбиката Лепа Брена по која своевремено лудуваа сите млади девојки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK