октомври 23, 2024

Речиси 80 отсто од Израелците го обвинуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху за неуспехот да го спречи нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври, покажа истражување спроведено во Израел.

Институтот Лазар го спроведе истражувањето на 18 и 19 октомври, побарано од израелскиот весник Маарив.

Полицијата го депортиташе игуменот Фотиј (Александар Костовски) од Косово во Македонија
Данела Арсовска избрана за член на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници
Внимавајте! Овој човек краде од луѓе во автобусите на ЈСП
Ердоган: Ова што се случува во Газа е лудило поддржано од западот
ПРИСТИГНА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – Камионите кога ја преминале границата настанал голем проблем !?
Спасовски: Најдобро е Груевски да се врати
Пендаровски го мајтапи: „ОД ШТО СЕ ПЛАШИ МИЦКОВСКИ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ АКО Е УБЕДЕН ДЕКА ВОДАТ НА АНКЕТИТЕ?“
80 отсто од Израелците го обвинуваат Нетанјаху за неуспехот да го спречи нападот на Хамас на 7 октомври
ПО 10 ГОДИНИ МЕЛОНИ Е „СИНГЛ“ – Премиерката на Италија раскина со нејзиниот партнер по неговите контроверзни коментари

Само 8 отсто од анкетираните не сметаат дека Нетанјаху е одговорен за нападите на израелските територии во близина на Појасот Газа.

Истражувањето исто така покажа дека 65 отсто од Израелците поддржуваат отпочнување на копнена офанзива во Појасот Газа, додека 21 отсто се против.

Претходно неделава, Ронен Бар, шефот на израелската безбедносна агенција Шин Бет, призна дека не успеал да го детектира инфилтрирањето на палестинската група Хамас на израелска територија на 7 октомври.

Слична изјава даде и началникот на израелската Армија, Херзи Халеви.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK