октомври 23, 2024

Претседателот Стево Пендаровски е подготвен за втор мандат доколку, како што вели, граѓаните и партиите од власта сметаат дека бил успешен во првиот мандат. Во емисијата Клик плус, Пендаровски рече дека прво ќе ги праша граѓаните како ја оценуваат неговата работа, а потоа ќе одлучи дали ќе оди на уште еден мандат.

Иако има шпекулации за други имиња за потенцијални претседателски кандидати на СДСМ, актуелниот шеф на државата во емисијата изјави дека процесот за идентификација на потенцијалниот кандидат се уште не започнал.

Македонската опозиција бара следните парламентарни избори да се одржат заедно со претседателските а во рамки на законот, истите можат заедно да се одржат само од 5 до 8 мај. Пред тие датуми, парламентарните избори би се сметале за предвремени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK