октомври 23, 2024

 Израелските војници на Западниот Брег извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас и еден од основачите на военото крило на организацијата, Салех ал-Арури, кој се наоѓа во Либан, и приведоа членови на неговото семејство, изјавија очевидци, пренесува Тајмс оф Израел.

Приведени се 20 лица, меѓу кои и братот на Аури и девет внуци.

(ВИДЕО) ВРЕМЕТО ЗА БЕБИЊАТА ВО ГАЗА ИСТЕКУВА
(ВИДЕО) ВРЕМЕТО ЗА БЕБИЊАТА ВО ГАЗА ИСТЕКУВА
Израелските војници извршија рација во куќата на заменик-лидерот на Хамас, Салех ал-Арури
Војна во Украина, срушени авиони и хеликоптер во близина на Одеса
Во 2024-та во Европа ќе има повеќе луѓе над 65 години отколку под 15 години
Жена пријавила дека била нападната во автобус
Тамара Јованов: Ги научивме младите да НЕ учат!
Џип од придружбата на Медведев прегазил пешак на улица во Москва
СОМНИТЕЛНА СМРТ: МВР го истражува труењето со Метомил, од што почина 47- годишна жена

Војниците влегле во домот на Аури во селото Арура, околу 20 километри северно од Рамала, во зори, при што уапсиле повеќе од 20 лица, меѓу кои еден од неговите браќа и девет внуци, изјавија очевидци.

Десетици луѓе биле донесени на сослушување.

Ал Арури, кој се наоѓа во Либан, е клучна цел на Израел од нападот на 7 октомври, кога милитантите на Хамас од Газа навлегоа во јужниот дел на Израел, убивајќи најмалку 1.400 луѓе, главно цивили, и земајќи повеќе од 200 заложници, соопштија израелските власти. 

Армијата соопшти дека рацијата била организирана во соработка со службата за внатрешна безбедност Шин Бет и оти довела до апсење на „десетици членови на Хамас“, вклучително и роднини на Арури.

Ал Арури помина речиси 20 години во израелските затвори, а беше ослободен во 2010 година под услов да оди во егзил. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK